ПРВ.мк
Македонија

Спречена катастрофа: Пронајдени над 30 гуми и запалив материја – нов обид за подметнување голем шумски пожар!

Спречена катастрофа: Пронајдени над 30 гуми и запалив материја – нов обид за подметнување голем шумски пожар!
Escape

Вчера попладне, во речиси непристапната месност Алтн Врв, под Царев Врв на Осоговските Планини, на висина од 2000 метри, шумочуварите од подружницата Осогово – Крива Паланка при Национални Шуми, открија шокантен обид за подметнување голем шумски пожар.

Во дел кој речиси и да не се посетува од луѓе, биле пронајдени над триесет автомобилски гуми, вклучително и внатрешни гуми, картон за потпалување, како и сува борова дрвна маса и гранки, сѐ внимателно подготвено за палење. Состојбата укажува на сериозна намера за предизвикување пожар на отворен простор, кој – доколку не бил навремено спречен – многу лесно можел да се прошири во блиската шума и да предизвика разорна еколошка катастрофа.

Информацијата ја потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој уште еднаш испрати силен апел до граѓаните.

„Ако забележите нешто сомнително – како гуми, дрвени палети, картон, шишиња или туби со течност што наликува на бензин – веднаш јавете се на бројот 112, најблиската полициска станица или до припадник на полицијата или безбедносните служби,“ порача Ангелов.

Секој навремен повик може да значи спасена шума, животи и природни ресурси. Да останеме будни и одговорни!

Mia Home Mavrovo