ПРВ.мк
Македонија

Голема акција низ Скопје – уапсени четири лица, пронајдени марихуана и прашкаста материја

Голема акција низ Скопје – уапсени четири лица, пронајдени марихуана и прашкаста материја

Во полициска акција спроведена на повеќе локации низ Скопје, приведени се четири лица кај кои биле пронајдени недозволени супстанции. Станува збор за млади лица од главниот град, кај кои полицијата открила бела прашкаста материја и марихуана.

Акцијата ја реализирале полициски службеници од СВР Скопје, а приведувањата биле извршени во текот на денот на различни точки во градот. Пронајдените супстанции се одземени и ќе бидат предмет на понатамошна анализа.

По целосно расчистување и документирање на случаите, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави. Ова е уште една во низата акции насочени кон сузбивање на трговијата и поседувањето на дрога.