Таксист од Скопје бил физички нападнат додека се наоѓал во своето возило, информира полицијата.
Според пријавата, 41-годишниот возач инцидентот го пријавил во СВР Скопје, наведувајќи дека нападот се случил на подрачјето на општина Аеродром. Тој бил во своето такси возило кога бил нападнат од 46-годишно лице од Тетово.
Случајот се случил во вечерните часови, а по пријавата, надлежните институции започнале постапка за утврдување на сите околности.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок против напаѓачот.










