ПРВ.мк
Македонија

Возеле како ништо да не било – но завршија без автомобили и со пријави

Возеле како ништо да не било – но завршија без автомобили и со пријави
Kristal

Во рамки на засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Велес и околината, полицијата приведе двајца возачи кои управувале возила и покрај тоа што имале активна забрана за возење, а нивните автомобили се одземени по наредба на јавен обвинител.

Првиот инцидент се случил на 9 февруари 2026 година околу 17:30 часот на крстосницата кај селото Башино Село. Полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген Венто“ со скопски регистарски таблички, управувано од 28-годишниот Н.А. од Скопје. По извршената проверка било утврдено дека возачот имал активна мерка – забрана за управување со моторно возило од Б категорија, но сепак седнал зад воланот. Тој веднаш бил лишен од слобода, а возилото било одземено.

Вториот случај бил регистриран неколку часа подоцна, на 10 февруари 2026 година во 00:20 часот, на улицата „Академик Пенчо Давчев“ во Велес. При рутинска контрола било сопрено патничко возило „Фолксваген Пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал 42-годишниот И.А. од Велес. И кај него било констатирано дека возел иако му била изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, и овој возач бил приведен, а автомобилот му бил одземен.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на двата случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави против лицата.

Полицијата најавува дека контролите ќе продолжат со засилено темпо со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се санкционира секој што ги прекршува законските забрани.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo