Скопје попладнево беше погодено од силно невреме, кое донесе интензивен дожд, гласни грмотевици и спорадичен пад на град. Невремето започна околу 17:30 часот и го зафатија повеќе делови од главниот град.
Најсилен беше градот во централното градско подрачје, каде сведоци пријавуваат дека големината на зрната на градот била споредлива со лешник. Поројниот дожд предизвика значителни проблеми во сообраќајот, при што неколку улици беа поплавени, а возила останаа заглавени во застој. На социјалните мрежи се споделуваат снимки од поплавени булевари и оштетени покриви на објекти.
Иако метеоролозите претходно упатија предупредувања за нестабилно време и можни врнежи, интензитетот на невремето ги изненади граѓаните. Засега нема официјални податоци за поголема материјална штета или повредени лица, но ситуацијата се следи и се вршат проценки.