ПРВ.мк
Македонија

Кривична пријава за две лица од Скопје: Изнудувале 300.000 евра од кумановец во текот на осум години

Кривична пријава за две лица од Скопје: Изнудувале 300.000 евра од кумановец во текот на осум години
Escape

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против двајца скопјани, Ш.М. (34) и Ф.М. (37), поради основано сомнение за изнуда.

Во период од осум години, тие од оштетено лице од Куманово континуирано изнудувале пари, упатувајќи сериозни закани за неговиот живот и животот на неговото семејство. Со овие закани успеале да прибават противправна имотна корист во висина од 300.000 евра.

Во соопштението на МВР се наведува дека во договорен период оштетениот земал 30.000 евра и се договорил секој 1-ви во месецот да исплаќа камата од 16%. До сега, преку брзи трансфери и лично предавање на пари, тој му исплатил на Ш.М. вкупно околу 300.000 евра.

Вчера, врз основа на претходен договор, се одржала средба во кафе бар при бензинска пумпа во Куманово, каде оштетениот му дал 2.000 евра на Ш.М., кој веднаш бил лишен од слобода. При преглед кај него биле пронајдени парите.

Со наредба на судија од Основниот кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на Ш.М. и Ф.М., при што била пронајдена документација поврзана со кривичното дело.

Овој случај е дел од континуираните активности на МВР и обвинителството во борбата против организираниот криминал и изнуда во земјата.

Mia Home Mavrovo