ПРВ.мк
Македонија

Душко Чифлиганец ќе биде првиот што ќе почива во дворот на црквата изградена од неговото семејство

Душко Чифлиганец ќе биде првиот што ќе почива во дворот на црквата изградена од неговото семејство
Escape

Трагично починатиот Душко Чифлиганец, менаџер на „Адора инженеринг“, ќе биде погребан во дворот на црквата „Свети Јован Крстител“ во Ново Лисиче – свет храм кој е подигнат од неговото семејство.

Извори блиски до семејството информираат дека опелото ќе го водат свештеници од МПЦ-ОА, предводени од поглаварот г.г. Стефан.

Ова ќе биде првпат некој да биде закопан во дворот на оваа црква, која се наоѓа на брегот на Вардар и беше изградена под ктиторство на таткото на Душко – Ванчо Чифлиганец.

Денеска, на местото се појавила тешка механизација, која најверојатно го подготвувала гробното место на Душко Чифлиганец.

Mia Home Mavrovo