Заборавете на скапи препарати и перење во машина што може да ги оштети патиките. Постојат две едноставни состојки што сигурно ги имате дома – и со нив белите патики повторно ќе изгледаат како штотуку купени.
Според Лаура Харнет, основач на еколошкиот бренд Seep, агресивните хемикалии најчесто не се потребни. Наместо тоа, таа препорачува комбинација од бел оцет и сода бикарбона – природни состојки со антибактериско дејство што ги отстрануваат дамките и непријатните мириси.
Чекор 1: Подготовка
Извадете ги врвките и со стара четка за заби или четка за садови отстранете ја површинската прашина и кал.
Чекор 2: Чистење на врвките
Потопете ги во раствор од вода и бел оцет (1:1). Нежно втријте, па оставете ги да се сушат на сонце. Оцетот и сончевата светлина делуваат како природно белило.
Чекор 3: Паста за длабинско чистење
Измешајте по една лажица сода бикарбона, бел оцет и топла вода. Со кружни движења втријте ја пастата на површината на патиката. Отстранете го вишокот и оставете да се исуши неколку часа.
Чекор 4: Против непријатни мириси
Ако влошките се вадат, ставете ги во кеса со сода бикарбона и оставете ги преку ноќ. До утро, мирисите ќе исчезнат.
Едноставно, природно и без ризик од оштетување – вашите патики повторно ќе блеснат без капка хемија.

















