ПРВ.мк
Балкан

АВТОМОБИЛ ВО ПЛАМЕН НА АВТОПАТ - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ!

АВТОМОБИЛ ВО ПЛАМЕН НА АВТОПАТ - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ!
Kristal

Вистинска драма се одвивала вечерва на автопатот во правец од Нови Сад кон Суботица, непосредно пред клучката кај Сириг, кога автомобил ненадејно бил зафатен од силен пожар.

Пламените јазици за неколку минути целосно го проголтале возилото, а густ чад се издигал високо над коловозот. Возачите кои минувале по оваа делница биле сведоци на застрашувачка сцена, додека огнот неконтролирано се ширел.

На терен интервенирало едно противпожарно возило од Ватрогасно-спасилачки баталјон Нови Сад. Пожарникарите веднаш започнале со гаснење, обидувајќи се да го локализираат огнот кој целосно ја зафатил каросеријата.

Драматично видео од настанот беше објавено на Instagram профилот 193ns_rs, каде се гледа како пожарникар се бори со силниот пламен што излегува од возилото.

Засега нема официјални информации дали има повредени лица, ниту што точно го предизвикало пожарот. Причините допрва ќе се утврдуваат.

Сообраќајот во тој дел од автопатот бил отежнат додека траела интервенцијата.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo