Маја Шупут, една од најпознатите и најуспешни пејачки на Балканот, има зад себе финансиски најуспешна година досега. Според извештаите на „Индекс“, нејзините две компании во 2022 година оствариле вкупен промет од 5,9 милиони куни, што изнесува повеќе од 92 милиони денари.
Преку својот бренд „Морска дива“, преку кој ја менаџира музичката кариера, Маја остварила приходи од над 518 илјади евра, со нето добивка од скоро 242 илјади евра (околу 28 милиони денари), и тоа со само еден вработен.
Втората компанија, која ја води заедно со сопругот Ненад Татаринов и која е посветена на продажба на козметика, забележала промет од околу 275 илјади евра и добивка од 30 илјади евра.
Со овие импресивни бројки, Маја Шупут е една од најуспешните и најбогати пејачки на Балканот, инспирација и пример за многумина во музичката индустрија.