Во Охрид, фотографија од фискална сметка од локална слаткарница стана вирална на социјалните мрежи поради неверојатно високата цена што им беше наплатена за три парчиња баклава. Цените на десертот се далеку над стандардните и предизвикаа изненадување и кај жителите и кај туристите.
Овој случај отвори дискусии и многу прашања за оправданоста на ваквото големо поскапување, особено во услови на растечки трошоци за живот. Реакциите на јавноста не стивнуваат, а темата стана една од најактуелните на социјалните платформи.