ПРВ.мк
Магазин

Александра Пријовиќ ги одбројува деновите до породувањето и го покажа стомакот во кратко фустанче

Александра Пријовиќ ги одбројува деновите до породувањето и го покажа стомакот во кратко фустанче

Регионалната музичка ѕвезда Александра Пријовиќ, која е во деветтиот месец на бременост, по долга пауза по турнејата, повторно се огласи на социјалните мрежи со фотографија на која го истакнува својот труднички стомак. Пејачката позира во бел краток фустан со цветен дезен, а во преден план е нејзиниот издолжен стомак.

Пријовиќ, која веќе има шестгодишен син по име Александар, со нетрпение очекува да ја пречека својата ќерка. Покрај фотографијата, таа стави и емотикон во форма на песочен часовник, што симболично покажува дека одбројува до големиот ден на породувањето.

Во јануари годинава беше објавено дека Александра е бремена, по што таа реши да направи пауза во својата музичка кариера. Во периодот што следеше, пејачката ретко се појавуваше во јавноста и имаше помала активност на социјалните мрежи, посветувајќи се на својот личен живот и подготовките за доаѓањето на новиот член во семејството.

Escape