Ако вашето куче секоја вечер се сместува до вас и одбива да спие на своето место, причината не е разгаленост – туку нешто многу подлабоко и поемотивно.
Кучињата ја покажуваат својата приврзаност на различни начини – ве пречекуваат со возбуда, ве следат низ домот, ве гледаат право во очи или ви носат омилена играчка. Но, кога ќе одлучат да спијат покрај вас, тоа има посебно значење.
Според објаснување споделено на „Тик-ток“, постојат три главни причини зад ова однесување.
1. Вие сте нивната сигурност За вашето куче, не сте само сопственик – туку дом, семејство и заштита. Кога спијат, тие се најранливи. Токму затоа сакаат да бидат до вас. Вашето присуство им дава чувство на мир и стабилност. На некој начин, тоа е нивното тивко „ти верувам“.
2. Топлината им значи повеќе отколку што мислите Кучињата обожаваат топлина. Особено во студени ноќи, вашето тело за нив е најудобното место на светот. Креветот станува совршено засолниште, а вие – нивното омилено „ќебе“.
3. Тие ве чуваат, дури и кога спијат Иако изгледаат мирно, нивниот заштитнички инстинкт никогаш не исчезнува. Со тоа што спијат покрај вас, чувствуваат дека ве штитат – исто како што вие се грижите за нив.
Вашето куче не ве гледа како обичен човек. За него, вие сте целиот свет.

















