Цените по балканските летувалишта одамна се тема број еден, но сега една српска блогерка реши да покаже што вистински добивате за 10 евра – и резултатите ќе ве изненадат!
Моника, патувачка блогерка од Србија, направи две видеа кои брзо станаа вирални – едното снимено во Макарска (Хрватска), а другото во Будва (Црна Гора). Во нив, таа демонстрира што може да си дозволи со само 10 евра на овие две популарни туристички дестинации. Разликата е повеќе од очигледна!
Во Макарска, првата трошка од буџетот заминува веднаш – паркинг 4 евра, што значи 40% од дневниот лимит исчезнува уште пред да се симне од кола. Потоа следуваат:
- Сладолед (1 топче) – 2,50 €
- Шише вода – 2 €
- Кафе со млеко – 2,10 €
Вкупно: 10,60 евра, а ручекот дури и не е започнат.
Од друга страна, Будва се покажува како вистински спас за буџетот. Таму, паркинг во катна гаража чини само 1 евро, а остатокот од парите се простира многу повеќе:
- Бурек со сирење – 1,25 €
- Кафе со млеко – 2,60 €
- Магнет за сувенир – 1 €
- Шише вода – 1 €
- Сладолед – 1,50 €
- Somersby – 2,20 €
Се јаде, се пие, се носи сувенир – и сè тоа за исти пари што во Хрватска едвај стигнуваат за пијалок и сладолед.
Блогерката заклучува дека Црна Гора е многу поисплатлива и подобра опција за сите што сакаат убаво летување без да го испразнат паричникот уште на првиот ден.
Нејзините видеа ја отворија вратата на една поширока дискусија – дали Хрватска претера со цените, и дали туристите конечно ќе го свртат грбот на Јадранот во потрага по попристапни, но еднакво убави дестинации?
Судете сами – но пред да резервирате, можеби е добро да го проверите паркингот.