ПРВ.мк
Економија

Ново покачување на пензиите – пензионерите со уште една добра вест

Ново покачување на пензиите  – пензионерите со уште една добра вест
Escape

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска потврди дека до крајот на годината ќе има уште едно зголемување на пензиите. Иако пензионерите веќе добија линеарно покачување од 5.000 денари, сега ќе следи ново покачување според старата законска формула – процентуално.

„Го вративме на сила старото законско решение. Ќе имаме покачување, но ги чекаме податоците од крајот на месецот за да ја направиме точната пресметка“, изјави министерката на денешната прес-конференција.

Дополнително, со новиот ребаланс на буџетот, се планира трансфер од уште една милијарда денари во Пензискиот фонд, поради недостиг на приходи.

Пензионерите можат да очекуваат редовен раст на примањата и до крајот на 2025 година.

Mia Home Mavrovo