ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија на градилиште во Македонија: Работник загина откако метален дел од кран го удрил во глава!

Трагедија на градилиште во Македонија: Работник загина откако метален дел од кран го удрил во глава!

Тешка несреќа се случила во гостиварскиот регион, каде при изведување градежни работи на приватен објект животот го загубил 48-годишен маж од Тетово.

Инцидентот бил пријавен на 21 април 2026 година во Полициското одделение Галате, по што веднаш реагирале надлежните служби. Според информациите од СВР Тетово, несреќата се случила во село Градец, додека се изведувале работи на кран на приватна куќа.

Според првичниот опис на настанот, при обид да се одглави заглавена сајла на кран, дошло до пукање на метален дел од конструкцијата. Тој дел го погодил работникот И.А. во пределот на главата, при што се здобил со смртоносни повреди.

На местото на несреќата интервенирала Итната медицинска помош, чии лекари ја констатирале смртта. Увид извршиле јавен обвинител и екипа од надлежната полиција.

По наредба на обвинителството, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврдат сите околности околу трагичниот настан.

Најнови вести