СВР Битола поднесе кривична пријава против 42-годишниот В.Ф. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, на 18 февруари 2026 година, во семејниот дом во Битола каде живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и 16-годишната ќерка.
Следниот ден, на 19 февруари 2026 година, во Полициската станица Битола, за време на службен разговор, В.Ф. оштетил дел од инвентарот и нападнал полициски службеници додека тие вршеле службени дејствија.

















