На 14 февруари 2026 година, околу 14:15 часот, И.Д. од Скопје најпрво вербално им се заканувал на двајца вработени на градилиште во Кисела Вода. Потоа го стартувал патничкото возило „Форд“ и се обидел да ги удри работниците, но не успеал.
Возилото потоа удрило во паркиран „Сеат Леон“, кој од ударот се придвижил и удрил во друго паркирано возило „Фолксваген Поло“. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

















