ПРВ.мк
Црна Хроника

Татко ја убил својата 9-годишна ќерка, соседи гледале сè низ прозорецот

Татко ја убил својата 9-годишна ќерка, соседи гледале сè низ прозорецот

Во саботата, селото Бошвајл во Баден-Виртемберг беше опколено со полициски патроли откако осомничениот провалил во куќата на поранешната сопруга. Таткото претходно го поминал викендот со својот 11-годишен син и 9-годишната ќерка, а по расправија со поранешната сопруга преку телефон, се забил со автомобилот во оградата на дворот.

Според очевидци, тој ја зграпчил ќерката, влегол во куќата и ја заклучил вратата. Соседите низ прозорецот гледале како ја убива со нож и ја дави со рацете. Еден сосед се обидел да интервенира, но бил беспомошен.

Полициските екипи пристигнале на местото и испукале неколку куршуми кон осомничениот, кој потоа бил однесен во болница, додека девојчето немало спас и починало на местото на настанот.

Мајката и синот на девојчето добиваат психолошка помош, а целото село е во шок од немилото злосторство.

Escape