ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИЈАТА РЕАГИРАШЕ: Приведен 28-годишник од Враништа - еве какви прекршоци направил!

ПОЛИЦИЈАТА РЕАГИРАШЕ: Приведен 28-годишник од Враништа - еве какви прекршоци направил!
Kristal

На 9 март 2026 година, во 19:50 часот, полицијата од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга го лиши од слобода 28-годишниот Н.Д. од село Враништа.

При контрола на регионалниот пат Враништа–Струга, полицијата запрела патничко возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Д. Контролата покажала дека тој немал положено возачки испит за Б категорија.

Дополнително, алкотестот открил дека возачот управувал со 1,77 промили алкохол во крвта, што претставува сериозно кршење на законските прописи за безбедност во сообраќајот.

По наредба на јавен обвинител, возилото било одземено, а по целосно документирање на настанот против Н.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo