Против 58-годишен маж од Тетово е поведена постапка поради сомнение дека демнел млада девојка.
Од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија информираат дека СВР Тетово поднело кривична пријава против Е.И. (58) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.
Според информациите од полицијата, тој долго време ја следел 18-годишна девојка.
Надлежните институции преземаат мерки за понатамошно расчистување и документирање на случајот.

















