ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) Објавена нова бизарна снимка од страшната трамвајска несреќа во Сараево!

(ВИДЕО) Објавена нова бизарна снимка од страшната трамвајска несреќа во Сараево!
Kristal

Амбасадата на САД минатата недела ја доставила снимката од видеонадзорот на надлежните институции во Сараево, која го бележи моментот на трамвајската несреќа, објави „Радио Сараево“.

Обвинителството на Кантонот Сараево потврдува дека видеозаписот, заедно со други собрани снимки, е прегледан во рамките на истрагата. Сепак, поради заштита на тековната кривична постапка, во овој момент не можат да дадат повеќе детали.

Снимките од Амбасадата на САД се особено важни бидејќи камерите ја покриваат целата траса на трамвајската пруга од Железничката станица до музејот, каде се случила трагедијата во која загина Ердоан Моранкиќ.

Главната кантонална обвинителка Мелиха Дугалија на прес-конференција на 25 февруари објасни дека снимката од Амбасадата се очекувала со посебна дипломатска процедура, но соработката на крајот била реализирана. Покрај снимките од Техничкото училиште, „БХ Телеком“ и музејот, обвинителите сега располагаат и со видеонадзор од објектот на Амбасадата на САД.

Првичната снимка од несреќата беше направена од автомобил што стоел на семафор, а сега медиумите во БиХ објавија и нова снимка од друг агол, снимена од камерите на Националниот музеј на Босна и Херцеговина. На оваа снимка се гледа движењето на трамвајот од Железничката станица кон градот, неговото свртување на кобната раскрсница и излетувањето од шините.

ВИДЕО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo