ПРВ.мк
Балкан

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Воспитувачки во градинка психички малтретирале петгодишно дете, му ставале пелена преку алиштата за да му се смеат!

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Воспитувачки во градинка психички малтретирале петгодишно дете, му ставале пелена преку алиштата за да му се смеат!
Kristal

Две воспитувачки од предучилишната установа „Бамбини“ во Хаџиќи, Босна и Херцеговина, кои беа уапсени под сомнение за злоупотреба на дете, ќе бидат пуштени на слобода. Окружно обвинителство во Сараево предложи до Општински суд во Сараево да им бидат изречени мерки на забрана наместо притвор.

Воспитувачките, на возраст од 25 и 27 години, се осомничени за психолошко насилство, занемарување или злоупотреба на дете и предизвикување полесни телесни повреди како соизвршители. Според тврдењата на родителите, тие му ставале пелена врз облеката на петгодишно момче и ги поттикнувале другите деца да му се потсмеваат. Дополнително, се сомничат дека го повредиле обидувајќи се насилно да го сместат во столче за хранење кое било премало за него.

Предложените мерки вклучуваат забрана за вршење работа поврзана со грижа и воспитување деца, забрана за пристап до установата и забрана за контакт со вработените.

Во рамки на истрагата бил уапсен и директорот на градинката под сомнение за непријавување кривично дело, лажно сведочење и занемарување или злоупотреба на дете. По сослушувањето, тој е ослободен по наредба на обвинителството.

Истрагата за случајот продолжува.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo