Оваа година, во Србија ќе се одржи посебна „Олимпијада“ наменета за пензионерите, во рамки на годишниот и регионалниот настан на Соборот на пензионери.
Одлуката за финансирање на настанот ја донел Управниот одбор на Пензискиот и инвалидскиот фонд (ПИО), при што за организацијата се издвоени 32,5 милиони динари. Покрај спортските и рекреативните активности, пензионерите ќе добијат и пакети помош од ПИО, како дел од поддршката за подобрување на нивниот секојдневен живот.
















