ПРВ.мк
Скопје

ГЛУТНИЦА КУЧИЊА СО КОМБИЊА СЕ НОСАТ ОД ДРУГИ ГРАДОВИ И СЕ ИСТОВАРААТ ВО СКОПЈЕ: „Лајка“ бара МВР да истражи!

ГЛУТНИЦА КУЧИЊА СО КОМБИЊА СЕ НОСАТ ОД ДРУГИ ГРАДОВИ И СЕ ИСТОВАРААТ ВО СКОПЈЕ: „Лајка“ бара МВР да истражи!
Kristal

Во скопски Карпош викендов беше забележана глутница од над 20 кучиња, кои не се чипирани и не се стерилизирани, што од ЈП „Лајка“ го сметаат за јасен показател дека животните се донесени од други градови. Досега се заловени 19 кучиња, но екипите продолжуваат да работат на разбијanje на глутниците и чипирање на животните.

Директорката на „Лајка“, Радмила Пешева, вели дека се потребни посериозни контроли, бидејќи не можат да се справат со бројката кучиња кои постојано се носат во Скопје. Таа посочува дека видеа од граѓани покажуваат како кучиња од други градови, со регистарски таблички од Гостивар, се истовараат во скопските населби.

Жителите се жалат на страв и ризик, додавајќи дека честопати мораат да бегаат со деца од глутници кучиња кои напаѓаат. Од здружението „Анима Мунди“ побараа темелна и независна истрага за наводното организирано внесување и дислоцирање на животните, што, како што велат, го загрозува јавниот ред, благосостојбата на кучињата и владеењето на правото.

Според нив, новите кучиња не припаѓаат на локалната популација и се појавиле преку ноќ, што укажува на насилна дислокација. Некои од животните биле забележани со ушни маркици од Албанија, што отвора сериозни прашања за нелегален и можеби прекуграничен транспорт на кучиња. „Лајка“ бара МВР и Јавното обвинителство да утврдат кој и како ги донесува овие животни и каде се истовараат, бидејќи, според нив, станува збор за организирана активност, а не изолиран случај.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo