ПРВ.мк
Балкан

Разбиен излог, специјалци на терен и апсење што крена голема прашина

Разбиен излог, специјалци на терен и апсење што крена голема прашина

Во центарот на Белград денеска е спроведена полициска акција во која е уапсено едно лице, а интервенцијата привлекла големо внимание поради начинот на кој била изведена. Според српските медиуми, припадници на интервентните единици со заштитна опрема и панцирни елеци упаднале во објект на улицата „Михајла Гавриловиќ“ на Врачар, при што бил искршен излогот.

Според објавените информации, акцијата се одвивала во позамантеријата „Крабел“, објект за кој медиумите наведуваат дека најчесто е затворен и без јасно истакнат назив. На терен имало најмалку десетина полицајци, а целата улица била блокирана додека траела интервенцијата.

Засега нема официјално соопштение за причините за апсењето, ниту за деталите поврзани со лицето што било приведено. Медиумите во Србија наведуваат дека повеќе информации се очекуваат по огласување на надлежните институции.

Целиот случај предизвика силен интерес во јавноста, особено поради големото полициско присуство и необичната акција во строгиот центар на градот.