ПРВ.мк
Балкан

Од утре повеќе чекање на границите: Стартува новиот систем за влез во ЕУ - еве каде се очекува најголема гужва!

Од утре повеќе чекање на границите: Стартува новиот систем за влез во ЕУ - еве каде се очекува најголема гужва!

Од утре во сила стапува ЕЕС системот на Европската Унија за биометриска проверка на патници при влез во Шенген-зоната, со што значително се менуваат правилата на граничните премини.

Со новиот систем, на надворешните граници на ЕУ се воведува дигитализиран процес на евиденција и контрола за државјани кои патуваат за краткорочен престој од земји кои не се членки на Унијата, вклучувајќи ја и Македонија.

Тоа значи дека при првото патување во ЕУ, граѓаните ќе поминат низ регистрација при која ќе им се земат отпечатоци од прст и ќе бидат фотографирани. Овој процес може да трае подолго од вообичаеното.

При следните патувања, системот ќе користи автоматско препознавање, а сите влезови и излези од ЕУ ќе бидат евидентирани со цел подобра контрола и спречување на злоупотреби, вклучително и користење на лажни идентитети.