ПРВ.мк
Балкан

МОНСТРУМ ОД СРБИЈА: Се претставувал како психолог за да намами девојче, ја дрогирал и снимал – шокантни детали од обвинението!

МОНСТРУМ ОД СРБИЈА: Се претставувал како психолог за да намами девојче, ја дрогирал и снимал – шокантни детали од обвинението!

Вишото јавно обвинителство во Панчево на 8 април 2026 година поднесе обвинение против М.В. (42) од Панчево, поради основано сомнение дека сторил тешко кривично дело – трговија со луѓе, за кое е предвидена затворска казна од најмалку пет години.

Според обвинението, настаните се случувале во периодот од октомври 2024 до крајот на јануари 2025 година. Осомничениот врбувал 16-годишна малолетничка, штитеничка на Домот за деца и млади без родителска грижа „Споменак“ во Панчево, со цел нејзина сексуална експлоатација, проституција и создавање порнографски материјал.

Како што наведува обвинителството, тој лажно се претставувал како здравствен работник – психотерапевт, со што ја стекнал довербата на девојчето и ја злоупотребил нејзината ранлива состојба.

Ја носел во својот стан, ѝ давал пари и ѝ овозможувал да користи дрога, а потоа ја искористувал и снимал интимни видеа, во кои учествувале и други лица.

Најнови вести