ПРВ.мк
Македонија

Мисајловски најави големи промени – следува нова ера за македонската армија

Мисајловски најави големи промени – следува нова ера за македонската армија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека следниот период ќе биде исклучително важен за развојот и модернизацијата на македонската армија, посочувајќи дека веќе се разгледуваат конкретни планови за вложувања во наредните десет години.

Во гостување во „Тема на денот“, Мисајловски изјави дека фокусот бил ставен на стратешките цели за јакнење на одбранбените капацитети, како и на долгорочниот план за тоа како државата ќе ја гради и унапредува армијата во иднина.

Тој потенцираше дека едно од клучните прашања било определбата во следната деценија за одбраната да се издвојуваат 3,5 проценти од бруто-домашниот производ, што, според него, претставува сериозен и значаен чекор. Во рамки на тие планови, како што посочи, бил направен и детален преглед на тоа во кои сегменти ќе се инвестира и како постепено ќе се зголемува буџетот.

Според Мисајловски, веќе е подготвена нова проекција за развојот на армијата во следните десет години, со јасно утврдени приоритети за тоа што ќе се набавува и во што ќе се вложуваат средствата преку Министерството за одбрана.

Со ваквите најави, државниот врв испраќа порака дека претстои период на поинтензивни вложувања во одбранбениот сектор, при што модернизацијата на армијата ќе биде еден од главните приоритети во годините што доаѓаат.