Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател и премиер Мило Ѓукановиќ, беше уапсен во рамки на тајна ноќна акција што го потресе јавниот живот во Црна Гора. Полицијата изврши претрес во неговата куќа во никшиќката населба Растоци и во станот во центарот на Подгорица.
Според неофицијални извори од црногорските медиуми (Vijesti и RTCG), при претресот биле пронајдени три пушки, полициска опрема и панцир, по што Ѓукановиќ бил приведен и ставен во лисици. Акцијата траеше со часови, полицијата ја опколи зградата во Подгорица, а претресите беа спроведувани и во Никшиќ по налог на Основното државно обвинителство.
Ацо Ѓукановиќ е еден од најбогатите луѓе во Црна Гора и најголем акционер во Првата банка со околу 41,5% удел. Сè уште се очекува официјално соопштение од Управа на полицијата, но оваа апсење предизвика голем потрес и интерес во црногорската јавност.


















