Туристички брод се запалил утринава во Макарска околу 8:20 часот, откако избувнал пожар во кујната. Иако огнот брзо бил ставен под контрола, две лица биле повредени и им е укажана медицинска помош.
Според информациите од Сплитско-далматинската полиција, повредените се членови на екипажот и се хрватски државјани. Во моментот на инцидентот, на бродот имало туристи, но за среќа никој од нив не е повреден.
Во тек е увид на местото на настанот, а причините за пожарот сè уште се утврдуваат.
Ask ChatGPT