ПРВ.мк
Балкан

Русин и Германец уапсени за тајно снимање голи деца во популарен камп во Истра

Русин и Германец уапсени за тајно снимање голи деца во популарен камп во Истра
Escape

Полицијата во Истра уапси двајца мажи, еден Русин и еден Германец, кои снимале голи деца во туристички камп. Тие се осомничени за кривично дело експлоатација на деца за порнографија.

Во саботата околу 12:45 часот, обезбедувач во туристички камп близу Ровињ ги пронашол двајцата мажи како снимале деца и ги задржал до доаѓањето на полицијата.

Полицијата со судска наредба претресе нивни сместувачки единици и мобилни телефони, каде што пронајде инкриминирачки материјал.

Двајцата се предадени на полицијата и се соочуваат со кривични пријави.

Mia Home Mavrovo