ПРВ.мк
Балкан

Тешки обвинувања во Краљево: Двајца уапсени по сомнежи за напад врз Вучиќ и неговото семејство

Тешки обвинувања во Краљево: Двајца уапсени по сомнежи за напад врз Вучиќ и неговото семејство
Kristal

Во Краљево се уапсени две лица под сомнение за тешки кривични дела поврзани со безбедноста на државата и заговор за насилни дејствија, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Како што наведуваат српските власти, полициски службеници од Краљево, во координација со припадници на Безбедносно-информативната агенција (БИА), ги привеле Д.Р. (1975) и М.Р. (1983), двајцата од Краљево.

Според соопштението, тие се сомничат дека како соизвршители учествувале во подготовка на кривично дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија, во врска со кривично дело напад врз уставниот поредок.

Истрагата, според наводите на МВР, ги поврзува со сомнежи за заговор за насилна промена на уставниот поредок на Србија и соборување на највисоките државни органи во периодот од декември 2025 до февруари 2026 година.

Во соопштението се наведува и дека постојат сомнежи за организирање набавка на оружје, како и за планирање напад врз претседателот на Србија, неговата сопруга и децата, како и напад врз припадници на српското МВР.

Осомничените ќе бидат задржани до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Краљево.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo