ПРВ.мк
Топ Вести

ВНИМАНИЕ СТОЧАРИ: Засилени контроли во Липково поради појава на болеста - еве од што се плашат!

ВНИМАНИЕ СТОЧАРИ: Засилени контроли во Липково поради појава на болеста - еве од што се плашат!
Kristal

Во општина Липково се одржа средба во Министерството за земјоделство поради појавата на сипаници кај овците и козите, со цел да се преземат мерки за спречување на нови жаришта на болеста низ државата.

На средбата беше нагласено дека одгледувачите на овци и кози мора строго да се придржуваат кон пропишаните контролни и заштитни мерки, како што ги донесе Агенција за храна и ветеринарство. Движењето на животните треба да се одвива само со издаден ветеринарно-здравствен сертификат од надлежното ветеринарно друштво. Стоčарите се повикуваат веднаш да пријават симптоми или ненадејни промени кај животните, вклучително зголемена смртност, до ветеринарните друштва и Агенцијата.

Контролата се спроведува во заштитна зона со радиус од 3 километри и во зона под надзор во радиус од 10 километри околу одгледувалиштата каде е потврдена болеста.

Дополнително, беше посочено дека извозот на јагнешко месо, производи од јагнешко месо и производи од млеко од овчо млеко кои се подложни на пастеризација не е доведен во прашање, информираат од Министерството за земјоделство.

Оваа акција има за цел да ги заштити одгледувачите и да го зачува здравјето на сточниот фонд, со минимизирање на ризикот од ширење на болеста.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo