ПРВ.мк
Балкан

По ажурирање на оваа апликацијата – жена остана без 3.500 евра!

По ажурирање на оваа апликацијата – жена остана без 3.500 евра!
Kristal

Хрватската полиција отвори истрага по кривична пријава од 44-годишна жена, чија сметка била незаконски опустошена откако, според упатствата од СМС-порака, таа ја ажурирала апликацијата за мобилно банкарство, објави Индекс.хр.

На 24 февруари, жената примила порака за која верувала дека ја испратила нејзината банка. Во неа се барало преку линк да ја ажурира апликацијата и да внесе ПИН-код, што таа го сторила. Набргу потоа од нејзината сметка биле исплатени пари без нејзино одобрение.

Полицијата го истражува случајот со цел да го открие сторителот и да ги утврди сите детали околу настанот.

Граѓаните се предупредуваат дека банките никогаш нема да бараат преку СМС, е-пошта или социјални мрежи внесување на лични податоци, ПИН-код, CVV број, лозинки или еднократни кодови за автентикација. Особено внимание се советува кај пораки кои создаваат чувство на итност, како предупредувања за блокада на сметка или истекување на апликацијата.

Во случај на сомнеж, граѓаните треба да контактираат директно со својата банка преку официјалните канали и да активираат дополнителни безбедносни мерки, како биометриска заштита и известувања за трансакции.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo