ПРВ.мк
Топ Вести

УХМР известува: Какво време не очекува утре и во следните денови?

УХМР известува: Какво време не очекува утре и во следните денови?
Kristal

Во текот на претстојната недела се очекува променливо облачно и посвежо време, со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Северна Македонија.

Според прогнозата, од вторник земјата ќе биде под влијание на циклонска активност, што ќе донесе повремени врнежи од дожд. Во среда и четврток врнежите ќе бидат пообилни и локално ќе надминат 20 литри на метар квадратен. На повисоките планински места врнежите ќе бидат во форма на снег.

Во текот на целата недела се очекува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој дополнително ќе придонесе за посвежо чувство.

За утрешниот ден прогнозата предвидува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер, кој поизразен ќе биде долж Повардарието. Утринските температури ќе се спуштаат и до -4 степени во одредени места, додека дневните максимални ќе достигнат до околу 18 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од околу 4 степени во утринските часови до 15 степени во текот на денот.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo