ПРВ.мк
Свет

Удар врз енергетската мрежа - што се случи со електроснабдувањето во Техеран?

Удар врз енергетската мрежа - што се случи со електроснабдувањето во Техеран?
Kristal

Напади врз електроенергетската инфраструктура предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Техеран, како и во пошироката Техеранска област и покраината Алборз, соопшти Министерството за енергетика на Иран.

Заменик-министерот Мостафа Раџаби Машхади изјави дека при нападите бил погоден далеководен столб на влезот во Карај, град кој се наоѓа северозападно од Техеран. Претходно во истиот регион биле забележани осцилации во снабдувањето со електрична енергија.

Дополнително, во источниот дел на Техеран била погодена една трафостаница за пренос на електрична енергија, што влијаело врз стабилноста на електричната мрежа во поширокиот регион.

И покрај инцидентите, надлежните власти порачаа дека граѓаните не треба да бидат загрижени, бидејќи службите работат на санација на штетите и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија. Нападите врз критичната инфраструктура се случуваат во период на зголемени тензии, при што енергетскиот систем станува една од клучните цели во конфликтот.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo