ПРВ.мк
Свет

КРАЈ НА КРИМИНАЛНАТА МРЕЖА: Филмски кражби во Италија – што откри полицијата во скриените простории?

КРАЈ НА КРИМИНАЛНАТА МРЕЖА: Филмски кражби во Италија – што откри полицијата во скриените простории?
Kristal

Италијанската полиција разби организирана криминална група специјализирана за провали во домови, при што меѓу уапсените се и двајца државјани на Србија, на возраст од 37 и 26 години, како и еден државјанин на Романија (23).

Акцијата следела по серија кражби кои во последните недели ги вознемириле граѓаните во регионите Падова, Венеција и Тревизо во Италија.

Според извори од истрагата, тројцата биле приведени откако биле затекнати при обид за провала и по една успешно извршена кражба. Полицијата ги лоцирала осомничените наутро, по што бил извршен и нивниот брз апс.

При претресот на нивниот изнајмен стан, кој го користеле како база, биле пронајдени украден накит од претходни кражби, како и луксузен часовник „Ролекс“. Во станот се чувале и предмети од повеќе различни кривични дела.

Истрагата открила и скриени локации каде што групата чувала опрема за провали. Во близина на канал во местото Салцано биле пронајдени торби со алат, брусилки, чекани, воки-токи уреди и облека користена при кражбите. Дополнително, во напуштена куќа во Зеробранко биле пронајдени украдени регистарски таблички и сино трепкачко светло кое личи на полициско.

По препознавање на дел од украдените предмети од страна на жртвите, тројцата осомничени се уапсени и префрлени во затвор во Венеција, каде што чекаат понатамошна постапка. Полицијата се сомнева дека групата стои зад повеќе провали во регионот, а истрагата продолжува.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo