Утрово, полски и сојузнички авиони го обезбедуваа полскиот воздушен простор, поради напади извршени од руските стратешки авиони врз Украина, соопшти полската армија.
Според официјалното соопштение, овие мерки се преземени како превентивна заштита на воздушниот простор во близина на конфликтната зона.
Полските власти наведуваат дека досега не е забележано нарушување на територијалниот воздушен простор на Полска.


















