ПРВ.мк
Топ Вести

Финска отвори истрага: Дронови навлегле во воздушниот простор - кој стој зад дроновите?

Финска отвори истрага: Дронови навлегле во воздушниот простор - кој стој зад дроновите?
Kristal

Министерството за одбрана на Финска соопшти дека е регистриран веројатно незаконски упад на беспилотни летала во воздушниот простор на земјата, по што министерот Анти Хјакјанен најави итна истрага.

Според официјалните информации, неколку дронови биле забележани во југоисточниот дел на земјата, каде летале бавно и на ниска височина над финските води. Еден од нив паднал северно од градот Коувола, додека друг бил лоциран источно од истиот регион.

Финските воздухопловни сили веднаш реагирале, испраќајќи борбен авион F/A-18 Hornet за да го потврдат присуството и да ја следат ситуацијата на терен.

Инцидентот доаѓа по серија слични случаи во балтичките земји – Литванија, Летонија и Естонија – каде паднати дронови биле идентификувани како украински. Според литванските власти, тие најверојатно биле дел од операции насочени кон руските извозни пристаништа Приморск и Уст-Луга на Балтичкото Море.

„Дејствуваме со соодветна сериозност. Истрагата е во тек и нови информации ќе бидат споделени штом податоците бидат потврдени“, напиша Хјакјанен.

Надлежните служби продолжуваат со анализа на пронајдените остатоци и собирање докази, додека расте загриженоста за безбедноста на воздушниот простор во регионот.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo