ПРВ.мк
Топ Вести

Аларм на Блискиот Исток: Иран минира делови од Ормутскиот теснец - што значи ова за светот?

Аларм на Блискиот Исток: Иран минира делови од Ормутскиот теснец - што значи ова за светот?
Kristal

Иран започнал со поставување мини во Ормутскиот теснец, едно од најкритичните енергетски тесни грла во светот низ кое минува околу една петтина од глобалната трговија со сурова нафта, пренесува CNN повикувајќи се на извори запознаени со извештаите на американските разузнавачки служби.

Според информациите, засега станува збор за ограничено поставување – во последните денови биле поставени неколку десетици мини. Сепак, изворите предупредуваат дека Иран располага со значително поголем капацитет и дека повеќе од 80 до 90 проценти од неговите мали пловни објекти и бродови за поставување мини сè уште не се ангажирани. Тоа значи дека иранските сили би можеле релативно брзо да постават стотици мини во овој стратешки воден пат.

Контролата над Ормутскиот теснец во голема мера ја има Иранската револуционерна гарда, која делува заедно со редовната иранска морнарица. Според претходни информации, тие можат да распоредат таканаречен „појас“ од дисперзирани бродови за поставување мини, чамци натоварени со експлозив и крајбрежни ракетни батерии.

Ормутскиот теснец се смета за клучна точка за глобалното снабдување со енергенси, па секое нарушување на пловидбата низ овој воден пат може да има значајни последици врз светските пазари на нафта и енергетската безбедност.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape