Општина Бутел продолжува со активностите за уредување на јавните површини и дворовите на детските градинки. Во рамки на саботната офанзива, се косат нараснатите тревни површини и се кастрат дрвата, со цел обезбедување безбедни и чисти простори за граѓаните.
Акцијата ќе продолжи и во наредниот период, со фокус на парковите, детските и спортските игралишта, овозможувајќи зелените површини да бидат целосно достапни и безбедни за сите.























