Во голема меѓународна акција со кодно име „Бела плима“, шпанската полиција запленила речиси 10 тони кокаин, а меѓу 13-те уапсени лица се и двајца државјани на Србија.
Операцијата се спроведела на брод во Атлантскиот Океан, западно од Ел Јеро, кој испловил од близина на Бразил. На прес-конференција, шпанските власти го истакнаа стратегиското значење на Канарските Острови како важна точка за меѓународната трговија со дрога.
Србите се именувани како водачи во криминалната организација, чија улога била да гарантира пренос на пратката за неколку криминални групи. Еден од нив бил вооружен, но полицијата успеала да спречи инцидент и конфискувала оружје.
Вкупно биле запленети 294 пакети кокаин со тежина од 9.994 килограми, а дрогата потекнувала од Бразил. Планирано било дел од стоката да се чува на Канарските Острови, додека поголемиот дел бил наменет за Европа, со транспорт преку Гибралтарскиот Проток, а потоа со автомобили и камиони до различни европски земји, вклучително и Србија.
Оваа акција е една од најважните на европско ниво и четврта најголема заплена на кокаин во светот.

















