ПРВ.мк
Свет

Девет новороденчиња починаа во породилиште, започната истрага!

Девет новороденчиња починаа во породилиште, започната истрага!
Kristal

Девет новороденчиња починале за време на новогодишните празници во породилиште во градот Новокузнецк, во регионот Кемерово, потврди регионалниот министер за здравство Андреј Тарасов.

Според неговата изјава, околностите под кои дошло до смртта на бебињата сè уште се испитуваат, а специјална комисија од Министерството за здравство е испратена на терен за целосно утврдување на фактите и за спречување на вакви трагедии во иднина.

Породилиштето е привремено затворено поради неповолна епидемиолошка состојба и зголемен број респираторни инфекции. Претходно беше соопштено дека најмалку шест новороденчиња починале во истиот објект, но подоцна бројот се искачи на девет.

Руските санитарни и здравствени инспекции веќе извршиле контрола за почитување на здравствените и епидемиолошките прописи, како и за заштита на правата на малолетниците. По спроведената инспекција, локалните истражни органи покренаа кривична постапка за небрежност, додека јавноста очекува официјални резултати од истрагата.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo