ПРВ.мк
Свет

Трамп во нов скандал: Бара Мајкрософт да ја отпушти Лиза Монако – „Закана за националната безбедност“

Трамп во нов скандал: Бара Мајкрософт да ја отпушти Лиза Монако – „Закана за националната безбедност“

Американскиот претседател Доналд Трамп остро побара од Мајкрософт да ја отпушти Лиза Монако, менаџерката за глобални прашања, обвинувајќи ја дека претставува ризик за националната безбедност на САД.

Трамп потсетува дека Монако била советник за национална безбедност во администрацијата на Барак Обама и заменик-министер за правда под водство на Џо Бајден, нагласувајќи дека токму тогаш биле поведени постапки против него.

Ова доаѓа во време кога Министерството за правда поднесе обвиненија против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, за лажно сведочење и опструкција на истрага. Доколку биде осуден, Коми може да се соочи со петгодишна затворска казна.

Трамп веќе јавно најави дека очекува нови обвиненија против политички личности кои ги смета за свои непријатели, а во меѓувреме ја користи претседателската моќ за притисок врз адвокатски фирми, универзитети и обвинители кои работат на случаи против него.

Најнови вести