Украина успеа да обезбеди неверојатни 45 милијарди долари, што е речиси 90 отсто од предвиденото финансирање преку приходите од замрзнатите руски средства низ светот. Оваа вест ја потврди украинскиот министер за финансии, Сергиј Марченко, кој за време на Пролетните средби на ММФ и Светската банка јасно порача: време е директно да ги земеме и трошиме руските пари за обнова на земјата!
Додека војната сè уште беснее, Киев веќе крои планови за 2026 година, потпирајќи се на замрзнатиот имот на Кремљ како „златна кокошка“ за буџетска стабилност. Покрај веќе обезбедените милијарди, Европската Унија одобри нов пакет помош од 90 милијарди евра за периодот 2026–2027 година, што треба да биде сигурносен појас за украинската економија. Сепак, Марченко предупредува дека вкупните потреби за обнова во следната деценија ја пробиваат границата од фантастични 588 милијарди долари.
Иако воените трошоци „голтаат“ повеќе од две третини од државната каса, Украина за 2026 година прогнозира економски раст, надевајќи се на воспоставување на целосен механизам со кој замрзнатите руски средства ќе станат нивна сопственост. Преговорите со партнерите од Јапонија, Франција и Норвешка се веќе во завршна фаза, а пораката е едногласна: Русија ќе мора да ја плати сметката за секое урнато училиште и секој уништен мост, и тоа со сопствените пари кои во моментов се „заробени“ во западните банки.










