ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) ТРАГЕДИЈА ОД ПОЖАР: Расте бројот на загинати во хотелски пожар!

(ФОТО) ТРАГЕДИЈА ОД ПОЖАР: Расте бројот на загинати во хотелски пожар!
Kristal

Црна ноќ во Будимпешта – четири лица го загубија животот во разорен пожар што избувнал во хотел кој функционирал и како работнички дом.

Огнот се проширил на горниот кат од зградата, а кровната конструкција речиси целосно изгорела. Три жртви починале на самото место, додека четвртото лице им подлегнало на повредите за време на транспорт кон болница. Според официјалните информации, најмалку 40 лица се примени на болничко лекување поради повреди и труење од чад.

Пожарот избувнал нешто по два часот по полноќ, а му претходела силна експлозија на плинска боца. Во моментот на несреќата во објектот престојувале 47 лица. Дел од локалните медиуми пренесуваат дека во хотелот биле сместени и лица со попреченост, при што едно од нив е меѓу загинатите.

Неофицијално, се споменува можност пожарот да бил предизвикан при обид за полнење на гасна боца, но надлежните служби засега не ја потврдуваат оваа информација. Истрагата е во тек, а точната причина за трагедијата ќе биде утврдена по завршувањето на вештачењата.

Будимпешта се разбуди во тага – додека семејствата чекаат одговори, градот жали за загубените животи.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo