ПРВ.мк
Македонија

МРСА откриена во Прилепската болница – Директорот уверува дека ситуацијата е под контрола!

МРСА откриена во Прилепската болница – Директорот уверува дека ситуацијата е под контрола!
Kristal

До редакцијата на Инфомакс пристигнаа информации дека кај вработен во ЈЗУ Општа болница Прилеп е пронајдена бактерија, идентификувана како МРСА (метицилин-резистентен стафилококус ауреус).

Директорот, Д-р Кире Јоноски, за медиумите изјави дека се работи за изолиран случај и дека ситуацијата е под целосна контрола. Сите останати проверки кај персоналот и опремата се негативни, а вработената привремено е отстранета од работниот процес. Дополнително, е извршена терминална дезинфекција на одделот.

МРСА е бактерија отпорна на метицилин и повеќето бета-лактамски антибиотици, што ја прави сериозен предизвик во здравствените установи. Таа најчесто се наоѓа на ноздрите, грлото, раните или на катетри и се пренесува преку директен контакт или контаминирани површини.

Болницата веќе спроведува редовни контроли на персоналот, просториите и опремата, со цел рано откривање и спречување на ширење на бактерии. Комисијата за заштита од интрахоспитални инфекции секогаш реагира на позитивни наоди и презема мерки во соработка со Центарот за јавно здравје.

Превентивните мерки за населување и пренос на МРСА вклучуваат редовно миење на рацете, одржување чисти и покриени рани, избегнување споделување лични предмети, и правилна хигиена во спортски објекти и базени.

Директорот потенцира дека болницата е транспарентна, а безбедноста на пациентите не била и не е загрозена.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo