ПРВ.мк
Свет

СКАНДАЛ ВО УНГАРИЈА: Синот на Виктор Орбан „чул глас од Бога“ и сакал да испрати војска во смрт – половина не би се вратиле живи!?

СКАНДАЛ ВО УНГАРИЈА: Синот на Виктор Орбан „чул глас од Бога“ и сакал да испрати војска во смрт – половина не би се вратиле живи!?

Маѓарскиот воен капетан Силвестер Палинкаш дал интервју за порталот „Telex“, кое сериозно ја потресе политичката сцена во Маѓарска. Во разговорот, тој тврди дека синoт на премиерот Виктор Орбан, Гашпар Орбан, сакал да покрене воена мисија во Африка по, како што тврди, силно религиско искуство.

Мисија во Африка и испраќање војска во Чад Маѓарскиот министер за одбрана, Кристоф Салај-Бобровници, уште во октомври 2023 година најави испраќање до 200 војници во Чад.

Според официјалните информации, мисијата имала три главни цели:

  • спречување на миграциите
  • поддршка на антитерористички операции
  • обезбедување економска и хуманитарна помош

Меѓутоа, Будимпешта и Нџамена дополнително ја продлабочиле соработката во одбраната, економијата и образованието.

Кој е Гашпар Орбан Гашпар Орбан (34) е единствениот син на маѓарскиот премиер и со години бил надвор од активната политика. Кариерата ја започнал во армијата, а во 2020 година завршил престижната британска Кралска воена академија Сандхерст.

Иако формално не е дел од политичкиот врв, неговото име се споменуваше како еден од учесниците на состаноците поврзани со операцијата во Чад.

„Глас од Бога“ и план со големи загуби Аферата експлодираше по интервјуто на Палинкаш за „Telex“. Тој тврди дека го познава Гашпар Орбан од времето на школувањето во Сандхерст и дека премиеровиот син му доверил необични детали.

Според него, Орбан помладовио, за време на христијанска мисија во Африка, доживеал религиско откровение и „чул глас од Бога“ кој му кажал дека треба да ги спаси христијаните во Чад.

Палинкаш оди чекор понатаму – тврди дека Гашпар Орбан ја претставувал оваа операција како личен проект, со процена дека загубите можат да достигнат дури 50% од учесниците на мисијата. Оваа тврдина предизвика шок и загриженост во маѓарската јавност.

Политички удар пред изборите Информациите доаѓаат во исклучително незгоден момент за Виктор Орбан. Парламентарните избори во Маѓарска се закажани за 12 април, а неговата партија Фидес, според некои анкети, заостанува до 20 процентни поени зад опозициската Тиса.

Целата приказна дополнително ја поткопува официјалната нарација на власта, која мисијата во Чад ја претставуваше како дел од поширока стратегија за безбедност и контрола на миграциите во регионот на Сахел.

Остра реакција на министерот и напад врз Украина Министерот за одбрана, Кристоф Салај-Бобровници, реагираше остро, истакнувајќи дека вовлекувањето на армијата во политички цели е „жалосно“ и го обвини Палинкаш дека не разбира.

Во истата објава се осврна и на војната во Украина, тврдејќи дека Украина е одговорна за саботажа на гасоводот Северен тек и затворање на нафтопроводот Дружба, што го загрозува енергетското снабдување на Маѓарска.

Министерот нагласи дека Вооружените сили на Маѓарска се независни од партиските интереси и нивната улога мора да остане надвор од политичките конфликти.

Од војник до верски водач Интересно е дека Гашпар Орбан уште во 2014 година, по сопственото религиско искуство, се посветил на религијата и станал пастор во црква.

Според достапните информации, планираната мисија во Чад имала за цел и заштита на локалните христијани, вклучувајќи и закани од екстремистички групи.