Европа веќе не сака да биде заложник на одлуките од Вашингтон! Според најновите извештаи на „Волстрит џурнал“, водечките европски сили забрзано работат на „План Б“ – создавање на моќна европска воена структура која би функционирала доколку САД го напуштат НАТО.
Концептот кој веќе е на маса предвидува радикални промени. Наместо американско водство, на клучните позиции во алијансата би се нашле исклучиво европски функционери. Но, планот не застанува тука – Европа сака целосно да ја исфрли американската воена опрема и да ја замени со домашно производство.
Подготовките за овој воен пресврт започнаа уште во 2025 година, но хаосот ескалираше по последните потези на Доналд Трамп. Пораките за можна анексија на Гренланд и острите критики дека Европа не ја поддржува Америка во конфликтот со Иран, ги убедија лидерите во ЕУ дека веќе не можат да се потпрат на својот прекуокеански сојузник.
Најголемото изненадување доаѓа од Берлин. Германија, која со децении беше против зајакнување на европскиот одбранбен суверенитет, сега даде „зелено светло“. Со падот на овој отпор, плановите за независна европска војска влегоа во критична, оперативна фаза.
За да се парира на американската доминација, Европа планира масовно производство на оружје во три клучни сегменти:
- Вселенско извидување и надзор: Сопствени сателитски мрежи.
- Противподморнички системи: Заштита на европските води.
- Авиони-танкери: Клучни за воени операции на долги дестинации.









